x

Нов вирус кој ги напаѓа кредитните картички

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 17 Декември, 2012 од GSM.mk

Компанијата Secualert предупреди за нов опасен вирус кој им помага на хакерите да ги искористуваат Вашите кредитни картички

Малициозниот софтвер го носи тајното име Dexter, а предмет на неговите напади се пос терминалите во продавниците и хотелите. Во моментов според Secualert се погодени стотици пос терминали во повеќе од 40 различни земји. Како и обично, најголем број измами има во САД, Канада и Велика Британија, каде што се наоѓаат над половина од заразените уреди.

Интересно е дека Dexter има радикално различен пристап кон крадењето на информации. Вирусот се инсталира во системот на пос терминалот а потоа ја апсорбира листата на активните процеси и ги испраќа на хакерот. Со користење на добиените информации, хакерите од своја страна клонирани картички и почнуваат да ги употребуваат за нивни цели.

За сега не е познато како точно хакерите успеваат да го вметнат вирусот во пос терминалите. Според Secualert над 30 проценти од засегнатите системи се со Windows Server, што пак ја исклучува можноста за класични форми на вметнување на вирусот преку инфицирани веб-сајтови и социјални мрежи.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.