x

Нова функција на Android Oreo ќе ви помогне да се борите со брзото трошење на батеријата!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 12 Ноември, 2017 од GSM.mk

Нова функција на Android 8.1 Developer Preview им помага на корисниците да откријат кои апликации им трошат најголем дел од батеријата на поефикасен начин..

Новата функција им овозможува на корисниците да дознаат кои апликации се виновни за брзото трошење на батериите. Покрај тоа што ќе ви открие кои апликации се виновни, истотака ви открива и кои се причините за тоа. На пример, апликациите кои се базирани на GPS и често ја бараат вашата локација, може многу брзо да ја "исцедат" батеријата.

Во моментов, речиси сите Android корисници може да го откријат ваквиот проблем користејќи некоја апликација наменета за тоа, но уште поефикасен начин да се открие проблемот е доколку Android сам претстави таква функција. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.