x

Нова мобилна апликација ги утврдува правилата за секс пред состанокот

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Јануари, 2018 од GSM.mk

Холандска компанија направи апликација под името LegalFling. Според описот на апликацијата на веб-страницата, корисниците може да си праќаат покана за сексуален однос, со премиса дека „сексот треба да биде забавен и безбеден“.

Покрај поканата за секс, преку апликацијата може да се побара или да се установи листата на сексуални преференци и желби, како и „дозволени и забранети“ работи на состанокот.

На пример, корисниците може да се изјаснат дали се согласуваат да се снимаат за време на секс, дали сакаат користење на експлицитен јазик, користење на БДСМ помагала, користење кондом и дали гарантираат дека немаат сексуално преносливи болести.

Авторите на апликацијата тврдат дека ја направиле со намера да се осигура взаемна согласност за сексуален однос, но и да се заштитат двајцата партнери пред да се впуштат во сексуален однос. Тоа не се однесува само на врските за една ноќ, туку и за оние заинтересирани за долгорочни врски.

Тие тврдат дека корисниците преку апликацијата стапуваат во еден вид договор и дека со кршењето на однапред утврдените ставки се крши и договорот. Ако се случи да биде прекршена некоја од одредбите во договорот, креаторите велат дека на корисниците ќе им биде полесно да се објаснат и докажат пред суд ако дојде до нешто такво.

LegalFling користи блокчејн технологија, што значи дека сите трансакции се временски означени. Потенцијалните проблеми со приватноста би требало да се решаваат со енкрипција внатре во апликацијата.

LegalFling уште чека на одобрување за да биде достапна за симнување преку Google и Apple, но самата идеја веќе наиде на критики на социјалните мрежи.

Оние кои се против апликацијата велат дека е им се чини неетичка бидејќи расположението на еден од партнерите може да се смени и тој или таа да не биде веќе наклонет кон некоја од договорените активности, како и дека е непрактично да се утврдат правилата за секс однапред.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.