x

Нова надградба за iOS 6.0.2

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 20 Декември, 2012 од Владимир Трпков

Apple пушти нова надградба за нивниот оперативен систем iOS. Според официјалните информации, iOS 6.0.2 e наменет за сопствениците на iPhone 5 и iPad Mini. Со оваа надградба, корегирани се некои грешки при користење на Wi-FI кај овие уреди

Надградбата не вклучува безбедносни поправки или други модификации кои се очекуваат од новиот iOS 6.1, при крајот на оваа или почетокот на наредната година. Голем број на корисници се жалат дека неможе да се инсталира надградбата од самиот уред, така што треба прво да се превземе преку iTunes и инсталација да се направи со синхронизирање на мобилниот уред со компјутерот.

Apple на своите девелопери веќе им ја има презентирано четвртата бета верзија на iOS 6.1, која е значајна надградба на овој оперативен систем. iOS 6.1 ќе има некои нови опции за Passbook и Siri, модификации за контрола на музичкиот плеер од почетниот екран и друго.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.