x

Новата батерија на Samsung се полни за 12 минути

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 03 Декември, 2017 од GSM.mk

Новиот материјал за изработка на батериите не само што го забрзува времето на полнење за 500%, туку и го подобрува капацитетот на батеријата за 45%.

Новите батерии, стои во извештајот на Samsung, поради постојаноста на зголемени температури, ќе бидат идеални за електрични возила.

Samsung го соопшти најновото откритие на својот Институт за технологија: т.н. графенска топка.

Новата батерија што ја користи оваа нова технологија се полни дури пет пати побрзо од литиум-јонските батерии што се користат во повеќето современи мобилни телефони.

Графенот исто така го зголемува капацитетот на батеријата за 45%, што воопшто не е малку.

Теоретски, на графенската батерија ѝ се потребни 12 минути за целосен циклус на полнење. Исто така, батеријата одржува стабилна температура од 60 степени Целзиусови, што е совршено за електрични возила.

Компанијата исто така тврди дека графенот е 100 пати поефикасен спроводник од бакарот, па поради тоа е „совршен материјал за брзо полнење“.

Иако се работи за револуционерна технологија, уште е во развојна фаза. Сѐ што се знае е дека научниците на Samsung сметаат дека батеријата со графенска топка има висок потенцијал за примена во мобилните уреди, а тоа значи дека корисниците ќе почекаат за да уживаат во магијата на новата батерија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.