x

Новата фотографија од OnePlus 6 потврдува неколку клучни промени во дизајнот

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Април, 2018 од GSM.mk

Како што се доближуваме до претставувањето на OnePlus 6, секојдневно се појавуваат се повеќе фотографии и спецификации на уредот..

Новата фотографија доаѓа од OnePlus 6 директно од компанијата. Како што може да забележите, OnePlus 6 е сместен под OnePlus 5T. Од сликата, изгледа дека новиот уред ќе биде малку повисок, послаб и поширок од неговиот претходник. 

Од неговите спецификации, знаеме дека OnePlus 6 ќе работи на Snapdragon 845 - моќниот процесор кој се наоѓа во Galaxy S9 серијата. Нормално, моќниот процесор ќе биде придружен од 8GB RAM и 256GB меморија.

Според гласините, кинеската компанија планира да го претстави OnePlus 6 на 5 мај. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.