x

Новата Nokia 5.1 Plus пристигнува побрзо од очекуваното

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2018 од GSM.mk

Фотографијата со промотивен постер за смартфонот Nokia 5.1 Plus која почна да кружи на интернет го открива датумот на официјалната промоција на новиот уред, кој како што стојат работите ќе излезе многу порано од очекуваното.

Смартфонот официјално ќе биде претставен на 11 јули во Кина.

Nokia 5.1 Plus со 32GB внатрешна меморија во Кина ќе чини 120 евра, додека верзијата со 64GB ќе чини околу 150 долари. Од компанијата наведуваат дека цените за уредите во Кина ќе бидат различни од цените во останатиот дел од светот.

Објавената фотографија покажува дека телефонот ќе има notch на горниот дел од екранот, додаток кој беше популаризиран со излегувањето на iPhone X и оттогаш повеќето флегшип телефони на пазарот доаѓаат со оваа карактеристика.

Веќе се познати спецификациите на Nokia 5.1 Plus, но можеме и да ги повториме. Овој телефон ќе има екран со дијагонала од 5,86 инчи и резолуција од 1520 х 720 пиксели, како и процесор од серијата Snapdragon 600 или пак Helio P60.

Во понудата ќе се најдат верзии со 3GB, 4GB и 6GB RAM, како и 32GB и 64GB внатрешна меморија. На задниот дел од телефонот се наоѓа двојна камера од 13 MP и 5MP, додека предната камера има сензор од 8MP. Батеријата на Nokia 5.1 Plus има капацитет од 3.000 mAh.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.