x

Новата опција на Google им дозволува на корисниците да заборават дел од лозинките засекогаш!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Август, 2019 од GSM.mk

Почнувајќи од денес, Google додаде нова и корисна функција за Android корисниците..

Почнувајќи со Pixel уредите, сопствениците ќе може да го потврдат својот идентитет преку Google сервиси  користејќи отпечатоци наместо лозинка. Додека Pxixel уредите ќе бидат први кои ќе ја добијат оваа функција, наскоро ќе биде достапна и за останатите Android уреди кои работат најмалку на Android 7 Nougat.

Компанијата додаде дека корисниците не треба да бидат загрижени за својата приватност со оваа функција, бидејќи податоците ниту се зачувуваат, ниту се праќаат на серверот на Google. Се разбира, серверот ги добива отпечатоците со цел да ги идентификува, но потоа тие се веднаш избришани.

 За активирање на опцијата:

  • Одете на https://passwords.google.com.
  • Одберете страна која сакате да ја видите или лозинка која сакате да ја промените
  • Следете ги инструкциите со кои ќе потврдите дека сте навистина вие

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.