x

Нови фотографии од Alcatel 3c!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2018 од GSM.mk

Сега за сега, знаеме дека најмалку три нови смартфони ќе бидат претставени следниот месец, за време на MWC - Alcatel 5, Alcatel 3v и Alcatel 1x. Уште еден смартфон, кој не беше спомнат од Alcatel, а се појави претходниот месец е Alcatel 3c..

Наводно, Alcatel 3c ќе биде најевтиниот смартфон кој доаѓа со 18:9 сооднос. Уредот ќе биде достапен во Европа, по цена од само 120 евра. Денес се појавија и неколку фотографии од неговиот дизајн.

Изненадувачи, иако станува збор за евтин смартфон, Alcatel 3c доаѓа со премиум изглед и тенки рамки. Во внатрешноста, ќе се наоѓа MediaTek MT8321 процесор, придружен од 1GB RAM и 16GB меморија. Ќе доаѓа со 6 инчен IPS HD+ дисплеј и резолуција од 1440 x 720 пиксели. Последно, ќе работи на батерија од 3000mAh. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.