x

Нови фотографии од Apple iPhone XR 2: Уникатни бои и интересен дизајн

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Мај, 2019 од GSM.mk

Иако сеуште не сме запознаени со официјалните имиња на новоочекуваните iPhone модели, сега за сега буџетската верзија е позната како iPhone XR 2. Заедно со дел од спецификациите, се појавија и фотографии од дизајнот на овој уред:

Како и останатите модели, iPhone XR 2 ќе биде претставен во септември. Според новите информации, една од поголемите промени ќе биде во боите во кои ќе биде достапен. Имено, коралната и сина верзија на iPhone XR ќе бидат заменети со зелена и виолетова боја. Остантиот избор ќе биде ист: бела, црна, жолта и црвена. На задната страна ќе се наоѓа истиот систем камери како оној кој го очекуваме кај iPhone 11 и iPhone 11 Max. Станува збор за систем од две камери кој ќе биде сместен во горниот лев агол. Уште една поголема промена е што наместо вертикално поставени, камерите ќе бидат сместени во форма на квадрат. Главниот сензор ќе биде од 12 мегапиксели.

Во внатрешноста, буџетската iPhone верзија ќе доаѓа со A13 - процесор дизајниран од Apple и произведен од TSMC. Слично како за самиот уред, се појавија и фотографии од боите во кои ќе бидат достапни официјалните силиконски маски за него. Овие додатоци ќе доаѓаат во бела, црна, сина, жолта, црвена и виолетова боја. Во моментот, цената на овие маски е околу 40 долари.

Apple iPhone 11R render

Инаку, на изненадување на сите, буџетскиот iPhone XR оваа година беше најпопуларниот модел меѓу фановите со најдобра и најуспешна продажба.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.