x

Нови фотографии од Galaxy A5 (2017) и Galaxy A3 (2017)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 29 Декември, 2016 од GSM.mk

Новата серија на Samsung вклучува три уреди: Galaxy A3 (2017), Galaxy A5 (2017) и Galaxy A7 (2017). По изјавата дека серијата ќе биде најавена следната недела, на 5 јануари, се појавија и официјални фотографии од телефоните..

Веќе видовме неколку фотографии кои го покажуваа изгледот на уредите од A серијата, но сега имаме нешто подобро: Официјалните фотографии од предниот дел и рамките на уредите, кои најверојатно Samsung ќе ги користи за промоција на телефоните.

Иако имаат сличен изглед, Galaxy A5 (2017) и Galaxy A3 (2017) доаѓаат во различни големини. А5 има 5.2 инчен 1080p дисплеј, додека А3 подржува 4.7 инчен 720p дисплеј. Двата уреди ќе бидат достапни во 4 бои: црна, златна, сина и розева.

Samsung Galaxy A3 (2017)

Новиот Galaxy A5 би требало да работи на octa-core Exynox 7880 процесор со 3GB RAM 32GB меморија и батерија од 3200mAh. А3 ќе биде малку поскромен, со: octa-core Exynos 7870 процесор 2GB RAM, 16GB меморија и батерија од 3000mAh. Samsung изјави дека A7 серијата ќе биде водоотпорна, но не се знае дали тоа важи за сите уреди.

Samsung Galaxy A5 (2017)

Компанијата најверојатно ќе започне со продажба на уредите во јануари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.