x

Нови фотографии од Galaxy A8 (2018)

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Декември, 2017 од GSM.mk

Конечно се појавија официјалните фотографии од изгледот на Galaxy A8 (2018) на популарната веб-страна Galaxyclub.nl. Да погледнеме:

На сликите се забележува уред од средната класа со минимални рамки и повеќе бои. Се разбира, скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна, поради речиси невидливите рамки и недостатокот на физичко копче на предната страна. 


За жал, сеуште не се знае кога ќе бидат официјално најавени Galaxy A8 (2018) и Galaxy A8 Plus (2018), како и останатите уреди во А серијата, но поради фактот што постојано се појавуваат информации за нивните спецификации, ги очекуваме наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.