x

Нови фотографии од Galaxy J2 Pro (2018)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Декември, 2017 од GSM.mk

Покрај премиум смартфоните како Galaxy S9, или пак уредите од средна класа, како оние во Galaxy A (2018) серијата, Samsung планира да претстави и евтини телефони за сечиј буџет, како Galaxy J2 Pro (2018)..

Благодарение на фотографиите кои се појавија, веќе го знаеме изгледот на Galaxy J2 Pro (2018). Според 91mobiles, димензиите на уредот се 143.1 x 72.2 x 8.6 mm, а дисплејот е од 5 инчи со резолуција од 720 x 1280 пиксели. Уредот има поелегантен дизајн од своите претходници, но сепак е составен од пластика. 


Galaxy J2 (2018) ќе работи на Snapdragon 430, заедно со 1.5GB или 2 GB RAM. Најверојатно ќе биде најавен на почетокот од следната година, по цена од 150 долари. Се надеваме дека ќе доаѓа со Android 8 Oreo.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.