x

Нови фотографии од Galaxy S9!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Декември, 2017 од GSM.mk

Сите гласини кои досега се појавија за Galaxy S9 најавуваат уред кој ќе биде големо подобрување од овогодинешниот Galaxy S8..

Димензиите на Galaxy S9 ќе бидат 147.6 x 68.7 x 8.4 mm. Тоа значи дека ќе биде речиси иста големина како Galaxy S8 (148.9 x 68.1 x 8.0), само малку пократок и подебел. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 845, придружен од 6GB RAM.

Слично како сите досегашни уреди на Samusung, Galaxy S9 се очекува да доаѓа во повеќе бои, од потемни до посветли. Компанијата најверојатно планира да ги претстави Galaxy S9 и S9+ следниот месец, за време на CES 2018, од 9 до 12 јануари. 


Дали Galaxy S9 и S9 Plus ќе бидат најсовршените телефони за 2018 година? Останува да видиме.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.