x

Нови фотографии од големиот iPhone X Plus: 6.5 инчен дисплеј и многу повеќе

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јуни, 2018 од GSM.mk

Доколку ги прашате корисниците кој од трите нови iPhone уреди го очекуваат со нетрпение во септември, најверојатно ќе ви одговорат дека тоа е "Plus" моделот. Токму поради тоа, највеќе информации и спецификации добиваме токму за оваа верзија:

Моделот ќе доаѓа со 6.5 инчен edge-to-edge OLED дисплеј во тело од 6.18 x 3.03 инчи - помало од 6.24 x 3.07 инчи кои припаѓаат на 5.5 инчниот iPhone 8 Plus. Покрај него, се појавија неколку информации за "нискобуџетната" iPhone верзија, 6.1 инчниот iPhone 9. Oвој модел ќе доаѓа со LCD панел, без 3D Touch. Истотака, на задната страна ќе има само една камера. Неговите димензии се 5.79 x 2.81 инчи.

6.5 инчен iPhone 2018 модел



6.1 инчен iPhone 2018 модел



Единствениот 2018 iPhone модел за кој немаме никакви концепт фотографии е следбеникот на iPhone X, кој ќе доаѓа со 5.8 инчен OLED дисплеј. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.