x

Нови фотографии од Huawei P20: да ги изброиме камерите!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јануари, 2018 од GSM.mk

Оваа година, Huawei планира да најави три нови смартфони во P серијата, Huawei P20, Huawei P20 Plus и Huawei P20 Pro. Иако поголемиот дел од нивните спецификации не се познати, постојано се зборува дека ќе доаѓаат со повеќе од три камери..

На кинеската страна Weibo се појавија фотографии од P20 на кои се забележуваат минимални рамки, 18:9 сооднос и три хоризонтално поставени камери на задната страна. И покрај тенките рамки, на долната страна има мало делче на кое најверојатно ќе се наоѓа скенерот за отпечатоци. 


Се зборува дека камерите ќе доаѓаат со дури 40 мегапиксели и 5X зум. Останатите спецификации на уредот ги очекуваме во блиска иднина. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.