x

Нови фотографии од Huawei P20 Lite: Погодете што има на горната страна?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Март, 2018 од GSM.mk

Деновиве се појавија нови фотографии од најевтиниот член на P20 фамилијата кои потврдуваат дел од шпекулациите за неговиот дизајн...

Како што се шпекулираше, P20 Lite ќе го има истиот дизајн на екранот како iPhone X, со малото делче на горната страна наменето за предната камера. P20 Lite, како и останатите два уреда во серијата, P20 и P20 Plus ќе го имаат истиот дизајн. Доколку и LG G7 доаѓа со истиот дизајн, како што се шпекулира, повеќето Android компании, со исклучок на Samsung и Sony, ќе го копираат all screen изгледот на Apple. 

Пред некое време, Huawei изјави дека има развиено технологија слична на Face ID, која ќе ја видиме во Lite верзијата, која најверојатно ќе биде претставена како 2D face recognition, слична како онаа што ја нудат Samsung и OnePlus на своите телефони. 

Од други спецификации, кај P20 Lite очекуваме 5.8 инчен дисплеј, 4GB RAM/64GB ROM, дуален систем камери од 16MP + 2MP, предна камера од неверојатни 24MP и батерија од 2900mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.