x

Новi видеa од Xiaomi Mi Max 3: 6.9 инчен дисплеј и батерија од 5500mAh!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Јули, 2018 од GSM.mk

Како што се наближуваме до големото претставување на Xiaomi Mi Max 3, се повеќе детали се појавуваат за смартфонот. Пред неколку дена се појавија фотографии и информации за неговите внатрешни спецификации, сега имаме нови детали..

Доколку сликите не ви се доволни и сакате подетално да се запознаете со дизајнот на Xiaomi Mi Max 3, сега имаме две видеа кои ги покажуваат златната и црната верзија од уредот. Добрите вести се што имаме официјално потврдување за дел од неговите внатрешни спецификации - знаеме дека ќе доаѓа со батерија од 5500mAh и две камери од задната страна, од 12 и 5 мегапиксели. 


Покрај тоа, стикерот на предната страна јасно кажува дека ќе станува збор за голем, 6.9 инчен дисплеј, а истотака се забележува и скенер за отпечатоци под дисплејот, особено во златната верзија. 

Од останатите спецификации, новиот уред на Xiaomi ќе вклучува Snapdragon 636 процесор, придружен од 3GB, 4GB и 6GB RAM, како и 32GB, 64GB и 128GB меморија. 


Покрај обичната, ќе биде претставена и Pro варијанта со Snapdragon 710 , две камери на задната страна од (20MP+8MP) и селфи камера од 16MP, и повторно, батерија од 5500mAh. 

Иако сеуште нема никакви информации, претпоставуваме дека уредот ќе биде поевтин во Кина, каде првично ќе биде претставен, а потоа планот на Xiaomi е да го претстави и на останатите пазари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.