x

Новиот 3Д принтер кој може да направи објект за неколку секунди

Категорија: Забава Објавено на 27 Февруари, 2020 од GSM.mk

Кога станува збор за 3Д принтањето, обично се мисли на принтање на објекти слој по слој, но швајцарските експерти развија нова технологија која овозможува креирање на целиот објект одеднаш и тоа за само неколку секунди.

Новата метода се заснова на принципот на томографија – метода која се темели на математичката процедура на обработка на снимките или томографска реконструкција на снимката со примена на современи компјутери и програмски пакети.

Новата технологија може да се применува во различни области, но првенствено во медицината каде што би принтале ткива, органи, слушни помагала, а процесот ќе се одвива во стерилизирани контејнери и нема да има потреба да се преместува на друга локација.

Со тоа можноста од загадување ќе се сведе на минимум.

Новиот систем засега може да принта објекти кои имаат пречник до два сантиметри, а во иднина се очекува да можат да принтаат и до 15 сантиметри.

Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.