x

Новиот Android 7.0 Nougat update предизвикува проблеми кај Galaxy S7 и S7 Edge!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 12 Февруари, 2017 од GSM.mk

Samsung Galaxy S7 и S7 Edge се едни од најпопуларните Android телефони кои неодамна ја добија најновата верзија од Android оперативниот систем: Аndroid 7.0 Nougat. Но, заедно со новите спецификации кај телефоните се појавија и проблеми со батериите...

Galaxy S7 и S7 Edge имаат батерии со одлична издржливост кои траат и до цел ден при користење на уредите. S7 Edge има особено голема издржливост со својата батерија од 3600mAh. 

Телефоните беа тестирани очекувајќи да имаат уште подобри перформанси со новиот update. За жал, се случи спротивното: Издржливоста на двата уреда по новиот Andorid 7.0 Nougat се намалила за 10%. 

Galaxy S7 со новиот Nougat постигнал резултат од 6 часа, додека пак само еден ден претходно со Android 6 Marshmallow резултатот бил 6 часа и 37 минути. Тоа е разлика од околу 9.4%.

Bad news: 10  worse battery life on Samsung Galaxy S7 and S7 Edge after Android 7.0 Nougat update

Galaxy S7 edge го имаше истиот проблем. Со Nougat издржал околу 6 часа и 35 минути, додека пак со Android 6 Marshmallow постигнал 7 часа и 10 минути. Разликата е околу 8.1%, повторно, во корист на Android 6 S7 Edge.

Bad news: 10  worse battery life on Samsung Galaxy S7 and S7 Edge after Android 7.0 Nougat update

 
Android 7 Nougat доаѓа со подобар систем, побрзи функции и подобрени камери, но како резултат на тоа е намалена издржливоста на батериите. Се надеваме дека Samsung со следниот update ќе ја поправи штетата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.