x

Новиот Android телефон на Palm: Мал, а моќен

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Септември, 2018 од GSM.mk

Откако за прв пат се запознавме со новиот Android уред на Palm минатиот месец, деновиве се појавија фотографии, заедно со дел од карактеристиките на телефонот..

Благодарение на Android Headlines, подетално се запознавме со новиот уред на Palm и неговите спецификации. 

Како што е очекувано од името на компанијата (Palm - дланка), главната продажна карактеристика на уредот е неговата големина која му овозможува лесно да се вклопи во дланката на нечија рака. Иако целосните димензии не се познати, знаеме дека доаѓа со 3.3 инчен дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели и 16:9 сооднос. За разлика од повеќето смартфони денес, доаѓа само со една камера на задната страна.

И покрај малите димензии, во внатрешноста на малиот смартфон се наоѓа Snapdragon 435, придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. Ќе работи на Android 8.1 Oreo и батерија од 800 mAh, која поради неговите димензии, би требало да биде доволна. 

Сега за сега, немаме повеќе информации за достапноста и цената на првиот Android уред на Palm. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.