x

Новиот Apple Watch 6 ќе може да детектира напади на паника

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Мај, 2020 од GSM.mk

Apple Watch Series 6 треба да направи некои промени кои ќе бидат фокусирани на здравјето.

Techradar пишува дека Apple Watch ќе има сензор кој ќе може да детектира напади на паника. Аналитичарот Џон Просер рече дека новиот smartwatch ќе биде фокусиран на можноста да се поврзе и со менталното здравје.

Просер рече дека Apple Watch 6 може да го анализира нивото на кислород во крвта врз основа на бројот на отчукувања на срцето.

Часовникот ќе детектира напади на паника пред да се случат и ќе го предупреди корисникот. 

Новиот Apple Watch се очекува да пристигне кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.