x

Новиот BlackBerry смартфон е повеќе од пријатно изненадување

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Октомври, 2017 од GSM.mk

Компанијата BlackBerry вчера на неделата на технологијата GITEX во Дубаи го претстави моделот Motion, смартфон кој ќе содржи масовна батерија.

Motion има екран од 5,5 инчи и Snapdragon 625 SoC.

Она што е најголем адут на овој телефон е батеријата од  4.000mAh. Ова е посилна батерија од онаа која ја има Samsung Galaxy 8 (3.500mAh).

Зад овој телефон всушност се крие компанијата TCL, која е задолжена за производство и она што дефинитивно е различно е тоа што овој телефон ќе работи на оперативен систем Android.

Телефонот наскоро ќе биде достапен по цена од 460 долари.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.