x

Новиот Huawei P20 веројатно ќе има три камери на задниот дел

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Март, 2018 од GSM.mk

Фотографиите кои се појавија на интернет од новиот модел на Huawei откриваат дека овој смартфон ќе има три камери на задниот дел, односно три леќи со можности за вештачка интелигенција (AI).

Huawei P20 е телефонот со кој оваа компанија има намера да се приклучи на пазарот како голем конкурент на Apple и Samsung на пазарот на смартфони.

Фотографиите се појавија на кинеската социјална мрежа Weibo, а на нив се гледаат три Leica леќи и две блиц-светла, додека на горниот дел од екранот го има популарниот изрез. Се претпоставува дека телефонот ќе биде достапен во црна и сина боја.

На повеќето фотографии кои се појавија како дел од рекламната кампања се појави и натписот „See Mooore with AI“, каде трите букви „o“ веројатно ги означуваат трите камери. Истиот натпис можеше да биде забележан и на поканите за конференција за медиумите, која ќе биде одржана на 27 март оваа година во Париз, каде Huawei ќе го претстави новиот P20. Сѐ уште не е познато какви AI можности ќе има Huawei P20 на камерата, но се претпоставува дека ќе има опција за фотографирање во услови со лоша осветленост, паметна технологија за препознавање на лица и препознавање на околината.

Претходните фотографии од истиот телефон покажаа дека тој има екран со изрез, како на iPhone 8, сегмент кој станува сѐ попопуларен кај телефоните со Android оперативен систем. Се верува дека P20 ќе биде понуден на пазарот во три верзии и тоа стандардна, Pro и Lite верзија. Pro верзијата најверојатно ќе има две камери, додека другите две верзии ќе имаат три камери на задниот дел.

Huawei P20 Pro ќе чини 899, стандардниот P20 ќе чини 670, додека P20 Lite ќе чини 369 евра.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.