x

Новиот iOS 9.2.1 ги забрзува постарите iPhone-и!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 21 Јануари, 2016 од GSM.mk

Оваа недела, Apple официјално го направи достапен за симнување новиот iOS 9.2.1, а еден изненаден податок е дека верзијата е посебно оптимизирана за постарите iPhone-и. Да погледнеме дали е точно...

Под постари, мислиме генерално на iPhone 4s и iPhone 5, последните уреди кои го добија овој апдејт. Постои верување во јавноста дека Apple намерно ги успорува постарите модели со секој апдејт, со цел да купите понов телефон и таблет. Одредени корисници дури и покренаа тужба против компанијата, тврдејќи дека iOS 9 значително ги успорил нивните телефони, воглавно iPhone 4s.

Во видео кое се појави на YouTube, се прави споредба на два iPhone 4s модели, од кои едниот работи на iOS 9.2.1, додека пак вториот е со инсталиран iOS 8.4.1. Како што ќе забележите, апликациите се отвараат дури и побрзо на новата верзија.

Какво е вашето искуство?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.