x

Новиот iPad Pro ќе биде еден од најмоќните уреди на пазарот!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 05 Јуни, 2020 од GSM.mk

Новиот iPad Pro на Apple ќе биде навистина моќен лаптоп поради една карактеристика со која ќе доаѓа.

Следниот iPad Pro ќе работи на нов A14 Bionic чип кој истовремено го очекуваме и во новата iPhone 12 серија која ќе биде најавена во септември. Овој процесор ветува моќни перформанси, како што покажуваат неговите бенчмаркинг резултати.


Бенчмаркинг резултатите беа направени на уред со A14 Bionic. Доколку се точни, постигна single-core резултат од 1658 поени и multi-core од неверојатни 4612 поени. Како за споредба, 13 инчниот MacBook Pro (2020) постигна multi-core од 4399 поени.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.