x

Новиот Samsung Galaxy A3 изненади на тестовите за издржливост на батеријата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Јули, 2017 од GSM.mk

При тестирање на неговата батерија, Galaxy A3 (2017) навистина покажа изненадувачки резултати...

Зборуваме за 4.7 инчен уред со Exynos 7870 процесор и батерија од 2350mAh. Поради одличниот успех при тестирањето на Galaxy A5, сите со нетрпение ги очекуваа тестовите од неговиот помал брат. 

Телефонот издржа 11 часа и 4 минути, што е 10% подобро од неговиот претходник и речиси исто како резултатите на Galaxy A5. Тоа е навистина неверојатен успех, бидејќи Galaxy S7 постигна само 6 часа и 37 минути, а другите популарни телефони, како Google Pixel и iPhone 7, истотака не постигнаа повеќе од 8 часа. 


Издржливост на батеријата

Повисоко е подобро!

Samsung Galaxy A3 (2017) 11h 4 min (Excellent)

Samsung Galaxy A3 (2016) 10h 8 min (Excellent)

Samsung Galaxy A5 (2017) 11h 9 min (Excellent)

Samsung Galaxy S7 6h 37 min (Average)

Apple iPhone 7 7h 46 min (Good)

Apple iPhone SE 7h 41 min (Good)

Google Pixel 7h 45 min (Good)

Honor 8 9h 7 min (Excellent)

OnePlus 3T 5h 41 min (Average)

Друг интересен момент од тестирањата е времето потребно за полнење. За целосно полнење на батеријата, од 0 на 100%, се потребни само 2 часа. Тоа е поспоро од новиот A5, но побрзо од Google Pixel уредите. 
Време потребно за полнење

Пониско е подобро!

Samsung Galaxy A3 (2017) 112 min

Samsung Galaxy A3 (2016) 112 min

Samsung Galaxy A5 (2017) 91 min

Samsung Galaxy S7 88 min

Apple iPhone 7 141 min 

Apple iPhone SE 155 min 

Google Pixel 119 min

Honor 8 98 min

OnePlus 3T 85 min


Иако има мала батеријата, резултатите од нејзиното тестирање навистина изненадија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.