x

Новиот Samsung Notebook 9 Pen лаптоп доаѓа со 15 инчен екран

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 14 Декември, 2018 од GSM.mk

Иако Саемот за потрошувачка електроника (CES) почнува за неколку недели, веќе е познато какви производи ќе претстави Samsung на него. Во фокус ќе биде ставен новиот лаптоп Notebook 9 Pen, кој е унапредена и поголема верзија на неговиот претходник.

Новиот фаворит на јужнокорејскиот гигант ќе пристигне на пазарот со големина на екранот од 15 инчи, нешто поголем од неговиот претходник, кој имаше екран од 13 инчи. Претходно само регуларниот Notebook 9 имаше своја поголема верзија.

Една од главните промени на 15-инчниот Notebook 9 Pen е новото S Pen пенкало. Како и смартфонот Galaxy Note 9, пенкалото S Pen кај новиот лаптоп нуди подобра и унапредена латенција. Од Samsung велат дека пенкалото реагира двапати побрзо од претходниците.

Samsung сега нуди и неколку интересни совети за користење на S Pen пенкалото кои им овозможуваат на корисниците да се прилагодат на различните стилови на цртање и пишување на екранот.

Новиот Notebook 9 Pen лаптоп нема многу да се разликува од неговите претходници во спецификациите. Според најавите, тој ќе биде опремен со Gen Intel процесор, гигабит Wi-Fi, два Thunderbolt 3 конектори и еден регуларен USB-C порт, заедно со втор порт за слушалки, микрофон и microSD картичка.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.