x

Новиот таблет на Apple ќе има две камери на задната страна!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 11 Август, 2019 од GSM.mk

Оваа година, заедно со iPhone 11 серијата Apple ќе претстави и неколку нови таблети...

Станува збор за два модели - 10.2 инчниот iPad (2019) и подобрен iPad Pro модел. Деталите за овие уреди сеуште не се познати целосно, но деновиве се појавија интересни информации за нив.

Според нив, 10.2 инчниот iPad ќе има систем од две камери на задната страна сместени во горниот лев агол, исто како што очекуваме кај iPhone 11.Овие камери ќе бидат во форма на квадрат и придружени од dual LED блиц. Главниот сензор кој ќе има оптичка стабилизација на сликите ќе биде сличен како оној на сегашните модели. Тоа значи дека ќе биде 12 мегапикселен. За жал, спецификациите на вториот сензор не се познати. 

The 2019 iPad could use this camera setup - Apple's next iPad Pro could borrow the iPhone's triple-camera setup

The 2019 iPad could use this camera setup - Apple's next iPad Pro could borrow the iPhone's triple-camera setup


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.