x

Новиот трејлер за Fallout 76 покажува активирање на нуклеарна бомба

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Септември, 2018 од GSM.mk

Шармот на видеоигрите од серијалот „Fallout“ почнува уште со нивните трејлери, кои се прикажани како мини анимирани филмови со стил на анимација инспириран од 50-те години од минатиот век, наместо со снимки од гејмплејот на играта.

Во овој нов трејлер може да се види еден од новитетите кои ни беа ветени уште одамна – собирање кодови и активирање на нуклеарни бомби.

„Fallout 76“ излегува на 13 ноември, но бета верзијата од оваа видеоигра ќе биде достапна еден месец претходно.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.