x

Новиот трејлер за Hitman 2 ве носи директно во џунглата

Категорија: Забава Објавено на 04 Септември, 2018 од GSM.mk

Најновиот трејлер за Hitman 2 ќе ве одведе во џунглата во Колумбија, што е освежување за серијалот бидејќи сите досегашни игри беа сместени во населени места со многу луѓе.

Но, тоа не значи дека треба да се опуштите. Додека во градовите демне опасноста од полицијата, сведоците и луѓето наоколу, во џунглата ќе треба да внимавате да не станете жртва на крвожедните животни кои се подготвени да ве нападнат во секој момент.

Ова е втора локација која ни ја претставуваат трејлерите за „Hitman 2“, по Мајами, кој беше претставен во претходниот трејлер. Додека да излезе играта веројатно ќе имаме можност да погледнеме уште неколку локации.

Премиерата на „Hitman 2“ е закажана за 13 ноември и таа ќе биде достапна за компјутер, PS4 и Xbox One.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.