x

Новиот тренд на Instagram: Знаете ли што е „hygge“?

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 30 Декември, 2016 од GSM.mk

Со зимата и студеното време, пристигна и овој тренд во кој корисниците на оваа мрежа место слики од интересни места и новогодишни забави, се почесто објавуваат фотографии од својот дом, сликани облечени со топла облека и со топол пијалок во рацете.

Ваквите фотографии ги објавуваат под хаштагот „hygge“ кој е дански збор што во превод значи топлина и удобност.

Сигурни сме дека за празниците ќе имате моменти во кои ќе сакате да седите дома покриени со дебело ќебе или пак облечени во некој убав и дебел џемпер, па ако планирате селфи од тоа искористете го хаштагот „hygge“ и приклучете се на трендот што веќе го следат милиони луѓе.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.