x

Новиот update ќе донесе 100 нови покемони!

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 28 Ноември, 2016 од GSM.mk

Во декември, Niantic ќе го претстави најголемиот update за Pokemon Go досега!

Niantic планира да ја додаде способноста за замена на покемони меѓу играчите. Според гласините, новиот update ќе се појави во декември со долгоочекуваната функција, како и 100 нови покемони. Истотака, играчите ќе можат да се грижат и да ги растат своите покемони.

Mew и Mewtwo ќе бидат меѓу легендарните покемони кои ќе бидат додадени.  Други покемони кои ќе бидат додадени се: Celebi, Lugia, Pupitar, Entei, Raikou, Blissey, Miltank, Smoochum, Smeargle, Stantler, Donphan, Suicune и многу други. 

Иако Niantic нема потврдено дека овие функции ќе бидат во новиот update, директорот на компанијата има изјавено дека некои од овие карактеристики ќе бидат воведени во Pokemon Go.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.