x

Новиот уред на Samsung ќе го лоцира вашето дете или милениче

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 17 Октомври, 2017 од GSM.mk

Компанијата „Samsung“ најави дека во следниот период ќе пушти во продажба приврзок кој ќе им помогне на потрошувачите да го лоцираат своето дете или милениче. Приврзокот ќе работи со помош на интернет и мобилен телефон.

Приврзокот кој ќе го произведува „Samsung“ ќе биде првиот мобилен уред кој ќе користи narrowband network technology (NB-IoT). Уредот ќе се поврзува преку интернет и ќе може да ја испраќа својата точна локација кога корисникот на мобилниот телефон со кој е поврзан ќе го побара тоа.

Од компанијата велат дека уредот е идеален за лоцирање на дете или миленик, затоа што може да се закачи на јакна, ранец, или пак каивчето на миленикот.

Самиот приврзок има батерија која со едно полнење може да трае и до една недела, што значи дека нема да имате проблем со пречесто полнење.

Цената не е откриена, но ќе биде позната во наредниот период.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.