x

Новиот уред од средна класа на Samsung ќе има три камери и голем дисплеј!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Март, 2020 од GSM.mk

Новиот уред од средна класа на Samsung ќе биде наречен Galaxy M51. Еве што ќе нуди:

Уредот ќе има 6.5 инчен Infinity-O дисплеј со селфи камера во левиот агол. Дисплејот ќе доаѓа со LCD, наместо AMOLED панел. Galaxy M51 ќе доаѓа со пластична конструкција, заедно со алуминиумска рамка. 

Samsung's next mid-range phone has three cameras, punch-hole display

И покрај брендигот, Galaxy M51 ќе биде следбеник на Galaxy M40. Ќе работи или на Snapdragon 662 или на Snapdragon 720G, најверојатно со 6GB RAM и 64GB меморија. Како било кој смартфон во 2020 година, ќе доаѓа со Android 10. Батеријата ќе биде од 4000 mAh. 

Официјално, Galaxy M51 ќе биде најавен во следните неколку месеци со цена од околу 250 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.