x

Новиот Xiaomi Mi CC9 Pro со пет задни камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Ноември, 2019 од GSM.mk

Конечно се познати спецификациите на Xiaomi Mi CC9 Pro, долгоочекуваниот модел на кинескиот произведувач кој во последните месеци беше најавуван.

Најголемото внимание го привлекува со камерите што ги има вкупно пет на број. 

Камерата од 108MP го користи Samsung ISOCELL Bright HMX сензорот, кој претходно е употребен на моделот Mi Mix Alpha.

Xiaomi Mi CC9 Pro има батерија од 5260mAh, со брзо полнење, за 30 минути се полни до 58 проценти, а до 100 проценти се полни за само 65 минути.

Смартфонот го користи оперативниот систем Android 9 Pie и MIUI 11 и ќе биде достапен во верзиите од 6GB/128GB и 8GB RAM и 265GB.


Ќе биде достапен во три бои: Aurora Green, Glacier White i Midnight Black.

Цената во Кина изнесува околу 400 долари. 


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.