x

Новите Apple реклами ги истакнуваат најважните карактеристики на iPhone XR!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Мај, 2019 од GSM.mk

Иако за само четири месеци Apple ќе ги претстави новите iPhone уреди, сепак компанијата сеуште ги промовира и истакнува најважните карактеристики на своите овогодинешни модели..

Во чест на сегашните модели, Apple сподели две видеа - едно за iPhone XS, XS Max и XR и второто наменето само за побуџетската верзија.


Во првото видео станува збор за скриените iMessage пораки кои корисниците може да ги праќаат на своите iOS уреди. Станува збор за текстови, видеа и слики кои може да бидат праќани преку WiFi конекција.

Encrypted iMessage on left, unencrypted SMS on right

Второто видео се фокусира на батеријата на iPhone XR. Благодарение на капацитетот од 2942mAh, iPhone XR е најиздржливиот iPhone модел досега. Претходно, оваа титула припаѓаше на iPhone 8 Plus. Во видеото од 30 секунди, главната порака е дека "Со iPhone XR, Вие ќе изгубите енергија пред Вашиот смартфон."


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.