x

Новите емоџи на iPhone ќе ги разбеснат фанатиците и антиваксерите

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Февруари, 2021 од GSM.mk

Apple се потруди да ги направи новите емоџи за Apple iOS 14.5 за iPhone поинклузивни, така што најголемиот новитет е поврзан со тонот на кожата и полот.

Популарните емотикони „Вубени парови“ и „Парови со срца“ сега имаат многу повеќе варијации на тонот на кожата.


Прилагодувања има и на разните емоџи со брада, па сега ќе има опции „маж: брада“ и „жена: брада“.

Сите овие емотикони беа одобрени од Unicode Consortium во септември, што значи дека снабдувачите можат да започнат да ги интегрираат во нивните производи и услуги.

Сепак, останува на поединечните компании да смислат како ќе изгледаат новите емоџи на нивните уреди и услуги, па затоа, на пример, „смајлито“ на вашиот iPhone изгледа поразлично од тоа на Twitter.

Apple ќе адаптира и некои други емоџи, така што емоџито алпинист на карпа сега ќе има кацига, а емоџито со шприц веќе нема да биде со крв, за да биде порепрезентативно во контекст на пандемијата и всушност претставува шприц за ставање вакцина.


Ваквите измени се очекува да разгорат жестоки дебати меѓу конзервативците, фанатиците и антиваксерите, но се чини Apple се непоколебливи во напорите да бидат инклузивни и прогресивни, за да им овозможат на сите нивни корисници да се изразат најдобро што може.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.