x

Новите фотографии ги истакнуваат разликите меѓу OnePlus 7 и 7 Pro

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Мај, 2019 од GSM.mk

На 14 мај, OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro ќе бидат официјално претставени. Пред официјалното претставување, се запознавме и со нивниот финален дизајн:

Новите фотографии го потврдуваат вертикално поставениот систем камери и кај двата модели. Кај OnePlus 7 станува збор за систем од две камери, а кај Pro верзијата станува збор за три камери. Истотака, кај премиум уредот ќе има и селфи камера на лизгање.

OnePlus 7 Pro Carbon Bumper

Од останати спецификации, OnePlus 7 Pro ќе доаѓа со голем 6.7 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1440 x 3120 пиксели и 19.5:9 сооднос. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 855 - најновиот и најмоќниот процесор на Qualcomm во моментот. Ќе има три конфигурации - една со 6GB RAM и 128GB меморија, друга со 8GB RAM и 256GB меморија и последната, која е најмоќна, ќе биде со 12GB RAM и повторно 256GB меморија. Батеријата ќе биде од 4000mAh.

Render of the OnePlus 7 Pro

Преминувајќи на најинтересниот дел, познати се и карактеристиките на камерите. Главната камера ќе биде од 48 мегапиксели, придружена од секундарна камера од 16 мегапиксели и трет телефото сензор. Селфи камерата, која ќе биде на лизгање, истотака ќе биде од 16 мегапиксели.

Уредот ќе биде достапен во сина и сива боја, а неговата почетна цена ќе биде околу 699 евра во Европа.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.