x

Новите фотографии од Honor V10 го потврдуваат дизајнот без рамки!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Ноември, 2017 од GSM.mk

Веќе знаеме дека Honor V10 ќе биде претставен насекаде низ светот на 5 декември, но најпрво ќе биде претставен на домашен терен, во Кина, на 28 ноември..

Само неколку дена пред неговото претставување, се појави слика од V10 на кинеската страна Weibo. Фотографијата го потврди очекуваниот дизајн на предната страна, со голем дисплеј и минимални рамки.

V10 ќе доаѓа со 5.9 инчен дисплеј со full HD резолуција и 18:9 сооднос. Ќе работи на Kirin 970, 6GB RAM и 64GB меморија. На задната страна ќе се наоѓа дуален систем камери од 16MP + 20MP, а батеријата ќе биде од 3750mAh.

Во Кина, цената на уредот ќе биде 450 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.