x

Новите фотографии од Motorola One Vision не оставаат ништо на имагинацијата!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Мај, 2019 од GSM.mk

Како што се доближуваме до претставувањето на новите Motorola уреди, се почесто се појавуваат информации за нивните спецификации. Овој пат, станува збор за нови фотографии од нивниот дизајн:

Motorola One Vision е поразличен смартфон на компанијата во повеќе погледи. Најпрво, наместо Snapdragon процесор, во внатрешноста ќе се наоѓа Exynos 9609, произведен од Samsung. Станува збор за процесор со слични перформанси како Exynos 9610 кој се наоѓа во Galaxy A серијата.

На предната страна ќе се наоѓа 6.3 инчен LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 2520 пиксели и 21:9 сооднос со тенки рамки. На задниот дел ќе се наоѓа систем од две камери. Од нив, главниот сензор ќе биде со 48 мегапиксели, додека вториот сензор сеуште не е познат. Скенерот за отпечатоци истотака ќе се наоѓа од задната страна. Работи на батерија од 3500mAh.

Press render of the Motorola One Vision

Motorola One Vision ќе биде достапен во сина и бронзена боја од 15 мај. Почетната цена најверојатно ќе биде 300 евра.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.