x

Новите гласини потврдуват долгоочекувана спецификација кај Galaxy Note 8!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Мај, 2017 од GSM.mk

Иако Samsung официјално не ги потврди гласините, новите шпекулации за Galaxy Note 8 ги возбудија фановите!

Според новите гласини, Note 8 ќе доаѓа со дуален систем камери од 13 и 12 мегапикселни камери кои ќе содржат 3X оптичен зум. Можеби се прашувате зашто Samsung "се брза" да го следи трендот на дуален систем камери.

Факт е дека најпродаваните премиум телефони, за првиот период од 2017, беа, всушност, со две камери. Листата ги вклучува: iPhone 7, Huawei Mate 9, Mate 9 Pro и Vivo Xplay 6. 

Горенаведените уреди потврдуваат дека функцијата е доста барана. Techno Systems Research смета дека до 2020, продажбата на телефони со дуален систем камери ќе зафаќа 34% од глобалната побарувачка на смартфони, што е големо зголемување спрема 5-те % кои сега ги имаат овие уреди. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.