x

Новите iPhone 12 модели официјално пристигнуваат во септември

Категорија: Занимливости Објавено на 29 Јуни, 2020 од GSM.mk

Apple iPhone 12 и iPhone 12 Pro најверојатно ќе бидат претставени во септември оваа година

Новите гласини велат дека ќе бидат претставени 4 нови модели и тоа iPhone 12, iPhone 12 Pro, iPhone 12 Pro Max и iPhone 12 Max.

Се очекува дека новите модели ќе имаат големи промени на дизајнот. Познати се малку детали за новата серија: познато е дека сите уреди ќе поддржуваат 5G мрежа; iPhone 12 ќе има 5,4-инчен екран, iPhone 12 Max и iPhone 12 Pro 6,1-инчен екран, а најголем екран ќе има iPhone 12 Pro Max - 6,7 инчи.

Сите модели ќе бидат достапни во верзии од 126 GB и 256 GB.

Моделите iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max ќе бидат достапни и во верзиите од 512 GB кои ќе чинат и до 1.399 долари.


Извор: kajgana.com 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.