x

Новите iPhone 12 модели пристигнуваат во септември

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 28 Јуни, 2020 од GSM.mk

Apple iPhone 12 и iPhone 12 Pro најверојатно ќе бидат претставени во септември оваа година..

Сепак, многумина сметаат дека пандемијата на коронавирусот може да го одложи премиерното претставување, но во секој случај се очекува новите модели да бидат претставени пред крајот на 2020 година, пишува Tech Radar.

Новите гласини велат дека ќе бидат претставени 4 нови модели и тоа iPhone 12, iPhone 12 Pro, iPhone 12 Pro Max и iPhone 12 Max.

Се очекува дека новите модели ќе имаат големи промени на дизајнот. Познати се малку детали за новата серија: познато е дека сите уреди ќе поддржуваат 5G мрежа; iPhone 12 ќе има 5,4-инчен екран, iPhone 12 Max и iPhone 12 Pro 6,1-инчен екран, а најголем екран ќе има iPhone 12 Pro Max - 6,7 инчи.

Сите модели ќе бидат достапни во верзии од 126 GB и 256 GB.

Моделите iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max ќе бидат достапни и во верзиите од 512 GB кои ќе чинат и до 1.399 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.