x

Новите студии велат дека зрачењето на смартфоните најверојатно нема да ве убие

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Март, 2018 од GSM.mk

Две државни студии, спроведени од National Toxicology Program (NTP), заклучиле дека мали се шансите зрачењето на мобилните уреди сериозно да ви наштети..

Сепак, за да остантете безбедни, треба паметно да ги користите уреди и да преземете одредени мерки на претпазливост. Студиите користеле глувци кои биле изложени на рљадиофрекветно зрачење (RFR), како она кое зрачи од мобилните уреди и микробрановите печки. "Доколку постои ризик, тој е мал" - изјавил еден од NTP научниците, John Bucher.

Глувците кои биле изложени на RFR зрачењето биле во иста здравствена состојба како оние кои не биле изложени, дури и некои од нив живееле подолго. Bucher сепак советува корисниците на смартфоните, значи сите, да преземат превентивни мерки и да ги користат уреди што помалку до ушите. Докторот тврди дека ваквите мерки драматично ја намалуваат штетата. Истотака, најпаметно е телефоните да бидат што подалеку од вашиот кревет додека спиете. Сепак, д-р Бучер вели дека постои шанса да дојде до некакви здравствени проблеми кај човекот од мобилното зрачење под "услови на висока изложеност". 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.