x

Новото Shot on iPhone видео на Apple: Неверојатно моќно и интересно

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Февруари, 2019 од GSM.mk

Новото "Shot on iPhone" видео на Apple е луд пример на она што може да се направи со десетина ротирачки iPhone уреди и снимање на кул работи од различни агли...

Станува збор за кратко, импресивно и одлично обработено видео, кое вклучува неколку креативни идеи. Видеото е навистина снимено со користење на iPhone XR - всушност, 32 вакви уреди. 

Apple's latest "Shot on iPhone" video is awesome, yet deceptive

Во однос на останатите вакви видеа кои ги претставува компанијата со цел да ги покаже импресивните способности на камерите на своите уреди, ова е малку пооекстремно снимено. За жал, сценаријата кои се опфатени во него тешко би биле изведени од "обичен корисник". Всушност, видеото повеќе се фокусира на неверојатните експерименти, наместо на способностите на камерите. 


Дополнителното видео, крстено "Позади сцените", потврдува дека подготвувањето на сценаријата е многу поважно отколку самите камери. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.