x

Nubia 5G RedMagic 5S наскоро пристигнува на глобално ниво!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 30 Јули, 2020 од GSM.mk

Nubia официјално го претстави својот нов гејмерски телефон. Еве што нуди:

RedMagic 5S доаѓа со 6.6 инчен AMOLED дисплеј. Со цел да биде моќен гејмерски смартфон, под хаубата се наоѓа Snapdragon 865 и уредот поддржува 5G. Процесорот е придружен од 16GB RAM и 256GB меморија. Има и батерија од 4500 mAh со полнач од 18W, а достапен е и брз полнач од 55W.

The RedMagic 5S global version will be ready for pre-orders on September 1st - 5G RedMagic 5S with 144Hz refresh rate can be reserved in China today; global model coming September


На задниот дел се наоѓа систем од три камери - главна од 64 мегапиксели и Sony сензори. Достапен е во сребрена и црна боја.

RedMagic 5S официјално ќе биде достапен од 1 август. Верзијата со 8GB RAM и 128GB меморија ќе чини 543 долари, а најмоќната, со 16GB RAM и 256GB меморија ќе чини 714 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.