x

Nubia X: Два екрани, два скенери за отпечатоци и речиси никакви рамки!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јануари, 2019 од GSM.mk

Од телефони на преклопување, како Royole FlexPai, до телефони со дупка во дисплејот, како Honor View 20 и уреди со два екрани, како Nubia X, во 2018 се запознавме со навистина уникатни уреди...

Овој пат, решивме да се задржиме на еден од овие уреди, Nubia X, и интересните карактеристики кои ги нуди. Најпрво, слично како Vivo NEX, Nubia X лесно привлекува внимание со својот уникатен изглед, составен од два екрани со edge-to-edge дизајн и невидливи рамки околу него. Но, овој уред нуди многу повеќе.

На пример, наместо копче со кое може да се менува од LCD и задниот AMOLED екран, Nubia X доаѓа со друга полесна и попрактична технологија за користење на екраните. Се што треба е да ја притиснете рамката и вториот екран ќе се активира. Ова дефинитивно ќе помогне во мултитаскингот, бидејќи со само еден потег лесно ќе може да ги менувате екраните.

Покрај тоа што е целосно функционален, задниот дисплеј е наменет и за гејмање, слично како Nubia Red Magic Mars и Vivo NEX. Истотака, постојат Power копчиња со скенери за отпечатоци на двете страни од телефонот, кои го олеснуваат отклучувањето на смартфонот. Ова значи дека може лесно да го отклучите со користење на левиот или десниот палец. И покрај тоа што има тенки рамки и два панели, Nubia X не е воопшто тежок, и е всушност практичен за користење.

Од останати спецификации, во внатрешноста нуди Snapdragon 845, заедно со 8GB RAM и 512 GB меморија. Батеријата е од 3800 mAh и работи на Android 8.1 (Oreo). Заедно со вториот дисплеј, на задната страна се наоѓа и дуален систем камери, од 16 и 24 мегапиксели, кои истовремено служат и како селфи камери. 

Достапен е во златна, сина и сива боја. Неговата цена е околу 450 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.