Huawei го објави новиот тизер за претстојниот смартфон Mate X2 кој најавува поинаков дизајн во однос на првиот Mate X.

Mate X е претставен во 2019 година и освежен минатата година, а има еден голем екран кој се преклопува на половина и кој е сместен од надворешната страна на уредот, но неговиот наследник ќе има поинаков систем на преклопување, како што има Samsung Galaxy Fold.
Тизерот го најавува претставувањето на уредот, а тоа е 22 февруари во 20 часот.
Извор: kajgana.com
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.