x

Објавена листата на најдобри хумористични ТВ серии на сите времиња

Категорија: Забава Објавено на 22 Јануари, 2018 од GSM.mk

Корисниците на веб-страницата Ranker ги одбраа најдобрите хумористични ТВ-серии на сите времиња и според нивните гласови една серија убедливо го освои првото место.

Победникот добил 570.000 гласови, а името на серијата е: Friends. ТВ-серијата се емитуваше од 1994 до 2004 година и за кратко време стана една од најпрепознатливите серии на ТВ-екраните, а низ годините собра бројни награди.

Автори на серијата се Дејвид Кејн и Марта Кауфман, а благодарение на популарноста на серијата, главните актери Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери, Мет Лебланк и Дејвид Швимер потоа почнаа успешни филмски кариери.

Според гласовите на корисниците на Ranker, топ 5 листата најдобри хумористични ТВ-серии ја заокружуват Seinfeld, The Simpsons, Cheers и The Big Bang Theory.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.